Емотивно писмо од Тен Хаг до навивачите: Направивте да се чувствувам како дома!
Сега веќе поранешниот менаџер на „црвените ѓаволи“ преку писмото изрази благодарност до фановите.
„Драги навивачи, би сакал да ви се заблагодарам што секогаш бевте покрај клубот. Без разлика дали играме на домашен или гостински терен вашата поддршка секогаш беше тука. Атмосферата на „Олд Трафорд“ секогаш беше фантастична, ви благодарам. За мене и екипата секогаш беше важно да ја слушнеме вашата песна на стадионите, како во Англија, така и во Европа.
Секогаш уживав во натпреварите на Манчестер јунајтед. Често пати имав прилика да разговарам со навивачите во Англија, Европа, Азија и Америка. Ме инспириравте и ми дадовте силно чувство на припадност. Тоа е она што навивачите на овој клуб ги прави посебни.
Сакам да ви се заблагодарам поради тоа чувство и поради поддршката. Исто така благодарност и до соработниците од сите сектори на клубот за поддршката во добрите и лошите моменти.Освоивме два трофеи и тоа се успеси кои ќе ги ценам до крајот на животот. Секако, мојот сон беше да донесам уште повеќе трофеи, но за жал на тој мој сон дојде крајот.
На Манчестер јунајтед му посакувам само успеси, трофеи и слава. Вашата поддршка и добредојде ми помогнаа да се чувствувам како дома.
Ви благодарам на ова поглавје од мојот живот“.
Ќе потсетиме на клупата Тен Хаг ќе биде наследен од Рубен Аморим кој во клубот ќе пристигне на 11 ноември, а се до доаѓањето на Португалецот клубот ќе го води Руд Ван Нистелрој.