Египет не издржа, Уругвај со гол во финишот стигна до првите три бода (ВИДЕО)

Фудбалерите на Уругвај славеа на својот прв натпревар на Светското првенство во Русија, откако ја совладаа жилавата селекција на Египет со 1-0.

Одлучувачкиот момент на средбата се случи во 89-та минута, кога Хименез беше највисок во скокот по корнер уфрлувањето и погоди за огромно водство на неговото клупа.

И претходно сѐ беше во знакот на Уругвај, но сепак Египет успеваше да одолее на сите налети, но претрпе многу болен пораз, со гол примен во самиот финиш од средбата.

Еѓипќаните денеска играа без повредениот Мохамед Салах, кој остана на клупата за резервни фудбалери до крајот на натпреварот.

Уругвај беше далеку поконкретен противник, неколку пати посериозно се закани преку тандемот Суарез-Кавани, но победоносниот гол го постигна стоперот и тоа во самиот финиш од средбата.