Џејми Варди по 12 години заминува од Лестер?

Џејми Варди по 12 години би можел да ја промени средината и да го напушти тимот на Лестер.

Во редовите на Лестер Варди пристигна од Флитвуд, а сега би можел ова лето да си замине. Неговиот договор со Лестер е со важност до крајот на сезоната и како што стојат работите нема да го продолжи.

Наводно, Варди добил понуда од Саудиска Арабија која би можел да ја прифати. Во текот на репрезентативната пауза Варди отпатува со сопругата во Бахреин, но на 40 километри од Саудиска Арабија.

Една од причините поради која би можел Варди да ја прифати понудата е неговата сопруга Ребека која изгубил спор против сопругата на Вејн Руни, Колин Руни и ќе мора да плати 1.8 милиони фунти. Минатата недела таа бараше да се намали казната за барем 50%, но тоа барање било одбиено.

Колин во 2019 година ја обвини Ребека за споделување на нејзини приватни информации.