Доминира и на 40 години: Роналдо е најдобар и го има голот на сезоната во Саудиска Арабија! (ВИДЕО)

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо доминира во првенството на Саудиска Арабиja и на 40 години, па така ги собра двете најважни признанија за изминатата сезона.

Имено, Роналдо е избран за најдобар фудбалер, но и го постигнал најубавиот гол во сезоната.

Во изборот за гол на сезоната гласаа навивачите кои на крајот се одлучија за волејот на Поугалецот против Ал-Ријад кој го постигна во рамките од 27. коло во првенството.

Летово постоеа шпекулации за можно заминување на Роналдо од Ал Наср, но на крајот тој остана во клубот и потпиша договор до 2027 година.

Фото: Al Nassr/FC