
Дејвид Бекам не сака Де Брујне да игра заедно со Меси и Суарез!
Според правилата во американската професионална лига, тимот од Флорида имаше првично право да започне преговори со Белгиецот доколку тој реши да ја продолжи кариерата во САД. Сепак, клубот предводен од Лионел Меси, Луис Суарез и Серхио Бускетс реши да не ја искористи оваа можност.
Де Брујне со ова ќе нема да се приклучи на ѕвездениот состав на Интер, а новата прва дестинација на листата екипи што можат да го ангажираат е тимот кој моментално се наоѓа на 11. место во Источната конференција на МЛС. Играчот од средниот ред веќе најави дека по завршувањето на тековната сезона ќе го напушти Манчестер Сити, со оглед на тоа што му завршува договорот.
Белгискиот фудбалер за време на деценискиот престој во Сити освои 16 трофеи, меѓу кои шест титули во Премиер лигата и Лигата на шампионите во 2023 година.
ФОТО: EPA PHOTO