Дебакл на фудбалерките на Андоновски на стартот на ОИ

Женската фудбалска репрезентација на САД по две години без пораз доживеа вистински дебакл на почетокот на Олимписките игри (ОИ) во Токио откако загуби со 0-3 од Шведска.

Македонскиот тренер Влатко Андоновски одлично ја предводеше амерканската репрезентација во претходните две години и се очекуваше да брка олимписко злато во Токио, но авантурата на ОИ не почна како што очекуваа сите.

Стина Блекстениус го отвори резултатот по 25 минути игра, а фудбалерките на Андоновски немаа одговор на играта на Шведска во првото полувреме.

Блекстениус зголеми на 2-0 во 55. минута, по што Лина Хуртиг ги постави конечните 3-0 за Шведска во првото коло од игрите во Токио.

Женската екипа на САД следниот меч го игра на 24 јули против Нов Зеланд, додека на 27 јули ќе се соочи против Австралија.