![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2018/11/28/64028-cirkus-bespari-pretsedatelot-na-argentina-saka-superklasiko-da-se-igra-na-monumental.jpg?itok=ObkDz9nx)
Циркус беспари: Претседателот на Аргентина сака Суперкласико да се игра на „Монументал“
Вчера јужноамериканската конфедерација КОНМЕБОЛ објави дека неодиграното реванш Суперкласико во битката за континенталната круна ќе се игра за два викенди, но надвор од Аргентина и допрва ќе се одреди местото каде да се игра (Парагвај, Бразил, Катар, Абу Даби...). Одлуката на КОНМЕБОЛ доаѓа откако Суперкласико изминатиот викенд не се одигра по нападот на автобусот на Бока јуниорс.
И иако од Бока бараат службена титула, најавуваат дека не сакаат да го играат, па дури ни на неутрален терен, бившиот челник на великанот, а сега прв човек на Аргентина го порача спротивното. Финалето да се игра на „Монументал“ и тоа со гледачи.
„Финалето треба да се игра во Аргентина. Не сакам Бока да се радува на начин како што се радуваше Ривер во 2015 година“, му рекол Макри на првиот човек на КОНМЕБОЛ, Алехандро Домингез. „Ако не може на 'Монументал', има многу места каде Суперкласико се играло во Аргентина од Мар Дел Плата, Мендоза, Кордоба...“, додал Макри, а пренесуваат аргентинските медиуми.
Суперкласико беше двапати одложено, откако фудбалери на Бока беа повредени во хаосот кој го направија хулиганите на Ривер, а градоначалникот Родригез Ларета откри дека позадината на целиот хаос била полициската рација ден пред финалето, кога кај еден од водачите на озогласените барас-бравас, насилни групи на навивачи на Реал запленила 300 билети за препродажба и голема количина на пари.