Челси договори ново засилување, ќе потроши уште 63 милиони евра

Eкипата на Челси иако има премногу фудбалери на платениот список договори уште едно засилување.

Според информациите на италијанскиот експерт за трансфери, Фабрицио Романо нов играч на „сините“ ќе биде Педро Нето од редовите на Вулвс.

Вулвс ја прифатиле понудата во износ од 60 милиони евра оштета и три кои би биле исплатени преку бонуси. Претходно Нето ги договори своите лични услови со лондонскиот клуб.

Лекарските прегледи на Нето се веќе закажани и преостанува само уште официјалната потврда. Од друга страна Вулвс како негова замена би требало да го доведат Карлос Форбс од Ајакс.