Буфон зборува за најголемата грешка во кариерата: Останав покус за 10 милиони евра!

Џиџи Буфон вели дeка најголема грешка му е одлуката да го напушти ПСЖ по само една сезона, вели дека потегот го чинел околу 10 милиони евра.

По 17 години поминати во Јувентус, Џиџи Буфон летото во 2018 се реши за нова авантура и се пресели во ПСЖ. Престојот во Париз траеше кратко, 12 месеци подоцна голманот се врати во редовите на „старата дама“.

Како гостин во емисијата на Бобо Виери и Антонио Касано на Твич, Џиџи Буфон сега вели дека најголема грешка му е тоа што не останал повеќе на „Паркот на принцовите“.

„Во ПСЖ го имав најубавото искуство во животот и тоа што си заминав ми е најголема грешка. Се откажав од 10 милиони евра. Ми кажаа дека Ареола ќе биде прв избор и јас не го прифатив тоа. Сметам дека игра тој што заслужува да игра, годините не се важни. Зошто да прифатам да бидам резерва во Франција, резерва можам да бидам само во Јувентус и затоа се вратив“, раскажува голманот.

„Но погегот се покажа како погрешен, Ареола се повреди и ПСЖ го ангажираше Кејлор Навас како негова замена“.