Британски фудбалер беснеел со 307 километри на час - осуден е на четири години затвор! (ВИДЕО)

Британскиот фудбалер, Конор Чарлтон се најде во центарот на вниманието откако беснеел на улиците со неверојатни 307 километри на час и сето тоа го снимал со својот телефон, па сега е осуден на четиригодишна затворска казна. 

Полицијата против 32-годишниот фудбалер започнала сериозна истрага против него по сообраќајна несреќа во септември 2023 година. Му биле одземени автомобилот „БМВ X3 M“ и мобилниот телефон, а со прегледот на компјутерот во автомобилот и содржината на телефонот бил откриен цел низ тешки сообраќајни прекршоци, пишува „Телеграф“.

Снимките покажале дека возењето со брзина од 307 километри на час не било изолиран инцидент. На една од снимките Чарлтон со голема брзина се провлекува меѓу другите возила, додека на друга тргнува од семафор и достигнува 253 километри на час. На трета снимка се гледа како занесува во кружен тек, додека околу него има други учесници во сообраќајот.

Особено вознемирувачка е снимката на која со голема брзина дрифтува пред бело комбе, поминувајќи на само неколку десетици сантиметри од него.

На судот во Лидс, Чарлтон е прогласен за виновен по сите точки од обвинението. Покрај 10 случаи на тешко неодговорно возење, тој е осуден и за четири случаи на напад, откако убедувал други лица да ги преземат неговите казнени поени.

Судот му изрече четири години затворска казна, како и забрана за управување со возило во траење од вкупно четири години и седум месеци.

Доколку по истекот на забраната сака повторно да добие возачка дозвола, ќе мора да положи и проширен возачки испит.