Бразилците ептен опуштени пред мечот против Србија - со музика стигнаа на стадион (ВИДЕО)

Бразил вечерва го игра првиот натпревар на Светското првенство (СП) во Катар, а противник ќе им биде Србија, но ѕвездите на еден од фаворитите за златен медал се ептен опуштени пред пресметката.

На социјалните мрежи се појави видео на кое може да се забележи дека Бразилците доаѓаат на стадион како да се подготвуваат за некој карневал, а не за меч од Мундијалот.