Бразил немаше милост кон Хондурас и го наполни со седум голови (ВИДЕО)

Бразил и без својата прва ѕвезда Нејмар се наоѓа во одлична форма, откако утринава во пријателски натпревар го прегази Хондурас со 7-0. 

Габриел Жесус постигна два гола, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Тијаго Силва, Филипе Кутињо, Давид Нерес, Роберто Фирмино и Ричарлисон. Работата на Бразил му ја олесни и притивничкиот тим, кој по 30 минути игра остана и со играч помалку. 

„Кариоките“ се подготвуваат за Копа Америка, турнир на кои се домаќини од 14 јуни.