
Босанец жестоко удри по Мурињо: Прави будали од сите нас!
Тензијата во клубот расте, а критиките кон тренерот Жозе Мурињо се сè погласни. Еден од најгласните противници на португалскиот стратег е поранешниот репрезентативец на БиХ и фудбалер на Реал Мадрид, Галатасарај и Фенербахче, Елвир Балиќ.
„Овој човек прави будали од сите нас. Ве молам луѓето во клубот итно да го сменат. Мислам дека Мурињо повеќе не е добар тренер, всушност, тој е лош тренер. Ни се потсмева и не можам веќе да молчам. Повторно изненади со почетниот состав. Каде е тука логиката? Не може да ја уништуваш екипата поради своето его и ароганција. Фудбалерите немаат континуитет бидејќи постојано нешто менува,“ изјави Балиќ.
Тој додаде дека очекува клубот по завршувањето на сезоната да ја прекине соработката со Мурињо:
„Немам повеќе никаква почит кон него. И на играчите им порачувам, титулата можеби е загубена, но зошто не се борат? Воопшто им значи ли за кој клуб играат?“
Една од најголемите жртви на во ротациите на Мурињо е хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ, кој во 2025 година бранеше на само пет натпревари за Фенербахче. Потсетување, Жозе Мурињо ја презеде клупата на клубот од Истанбул на почетокот на оваа сезона, но неговиот ангажман веќе се доведува под сериозен знак прашалник.
Фото: Fenerbahçe/FB