Бока ќе настрада за реваншот во Суперкласико - без тројца фудбалери ќе мора да игра против Ривер?
Откако беше каменуван нивниот автобус пред стадионот „Монументал“ и беа повредени неколку фудбалери, сега тројца од нив се обвинети дека го навредувале координаторот на КОНМЕБОЛ во соблекувалната и сега се соочуваат со суспензија.
Почната е истрага поради целиот инцидент, а Карлос Тевез, Рамон Абила и Пабло Перез би можеле да го пропуштат реваншот со Ривер, доколку бидат казнети поради нивниот испад.