Белгија на колена: Мароко со една нога во осминафинале на СП (ВИДЕО)

Репрезентативците на Мароко триумфираа со 2-0 против ѕвездениот тим на Белгија во второто коло на Мундијалот во Катар и направија чекор напред кон осминафинале.

Мароко им се спортистави на Белгијците, кои беа фаворити на хартија, меѓутоа на теренот ситуацијата беше поинаква затоа што Мароканците беа поопасни кон голот на Тибо Куртоа.

Хаким Зијеш ја погоди мрежата на Куртоа во 47. минута, но голот беше поништен поради офсајд, додека Мароко до водство конечно стигна во 73. минута кога најдобриот голман во Лига на шампиони (ЛШ) за минатата сезона буквално „заспа“, а Сабири од слободен удар стрелаше за 1-0.

Белгија немаше што да изгуби и тргна со сите сили кон голот на Мунир, меѓутоа ниту една од скапите ѕвезди на „црвените ѓаволи“ не успеа да израмни, па казната стигна преку Абуклал (2-0).

Мароко има четири бода на првото место, по што следи Белгија со три, Хрватска има еден, а Канада е без бодови во групата Ф.