Бекам тврди: Меси сонува да се врати во Барселона

Еден од сопствениците на Интер Мајами, Дејвид Бекам откри дека зборувал со Лионел Меси за неговите долгорочни планови, но останал разочаран од она што го слушнал.

Според некогашниот англиски ас, Меси сака да се врати во Европа откако ќе ја заврши играчката кариера.

„Би сакал Меси да остане да живее во Мајами како фудбалски пензионер, но тој ми рече дека планира да живее блиску до Камп Ноу. Нема играч кој ја сака Барселона повеќе од него. Дури и логото на клубот е му е истетовирано, го има и на неговото шишенце за вода“, вели Бекам.

Меси е член на Интер Мајами од 2023 година кога се пресели таму од ПСЖ. Како играч на американскиот клуб ја освои својата осма Златна топка, заслужена поради титулата на Светското првенство во Катар.