Азар: Веќе не се чувствувам како фудбалер - денес сум таксист!
Денес, како што вели самиот, повеќе се чувствува како таксист отколку како фудбалер.
„Мојот живот е прилично едноставен. Татко сум на пет деца, во моментов сум повеќе таксист отколку фудбалер, но тоа е во ред. Одлуката ја донесов поради семејството, децата, времето и храната. Животот минува навистина брзо, особено во фудбалот. Вчера имав 19 години, а денес имам 35. Треба да се ужива во животот, не само во фудбалот, туку во сè“, изјави Азар во интервју за „Гардијан“.
Во разговорот се потсети и на една анегдота од периодот кога во Челси работеше под водство на Жозе Мурињо.
„Отидов во Лил да гледам натпревар и на враќање го изгубив пасошот. Задоцнив и пропуштив тренинг. На следниот меч ме исфрли од тимот и ми рече дека тоа е моја вина“, раска Белгиецот.
Азар се осврна и на најемотивните моменти од својата кариера, а посебно го издвои настапот на Светското првенство во 2018 година.
„Светското првенство во 2018 година беше неверојатно. Имав можност да играм со мојот брат. Да бидеш капитен на својата земја е нешто посебно. Чувствувавме дека Белгија во тие години беше неверојатна. Иако не ја освоивме титулата, денес многумина велат дека бевме подобар тим од Франција и тоа ме прави горд“, порача Азар.