Левандовски бил шокиран - не можел да поверува колку години има неговиот соиграч!
Преселбата на Кубарси од младинската школа „Ла Масија“ во првиот тим беше толку брза што дури и самиот Левандовски бил изненаден.
Кубарси официјално дебитираше во јануари 2024 година, во натпревар од шпанскиот куп на, само неколку дена пред својот 17. роденден.
Само три дена подоцна го запиша и првиот настап како стартер во Ла Лига против Реал Бетис и одигра сосема зрело и многу искусно за своите години, па следувал интересен разговор во соблекувалната.
„Ден по мојот прв меч во почетниот состав, Чави пред сите ми го честиташе роденденот. Тогаш ми пријде Левандовски и ме праша: ‘Навистина имаш 17 години?’. Не можеше да поверува. Веројатно сè уште имав детско лице“, раскажа Кубарси во интервју за „Л’Екип“.