Аморим: Можеме да станеме најлошиот англиски тим кој освоил европски трофеј

Фудбалерите на Манчестер јунајтед во четврток од 21 часот ќе го пречекаат Атлетик Билбао на „Олд Трафорд“, во реванот од полуфиналето на Лига Европа. Англискиот тим носи убедлива предност од 3:0 од првиот натпревар одигран минатата недела во Шпанија.

На прес-конференцијата пред натпреварот тренерот новинарите го потсетија Рубен Аморим на неговата изјава од јануари, кога ја нарече својата екипа „најлоша во историјата на Манчестер јунајтед“. Новинарите забележаа дека сега клубот е на чекор до европски трофеј кој би ја спасил разочарувачката сезона.

„Во тој момент, кога ќе ја погледнете табелата на Премиер лигата, навистина бевме најлошиот тим откако сум тука, барем според резултатите. Така размислував. Можеби ќе ја завршиме сезоната како најлошиот тим во историјата на Премиер лигата со европска титула“, изјави Аморим, пренесе „Скај“.

„Нема ништо да промениме. Знаеме дека оваа сезона е разочарувачка. И понатаму стојам на тоа дека ова е најлошата сезона во последните 50 години“, додаде португалскиот стратег.

Манчестер јунајтед во овој момент е 15. место на табелата во Премиер лигата со само 39 бодови по 35 одиграни кола – скор што е далеку од амбициите на клубот, но евентуален пласман во финалето на Лига Европа би можел да ја ублажи горчината од домашниот шампионат.

Фото: Manchester United/FB