
Ал Наср донесе уште едно мега засилување: Коман доаѓа кај Роналдо
Иако од Ал Наср нема потврда за трансферот, Романо тврди дека Баерн за својот досегашен фудбалер ќе добие околу 30 милиони евра, сума на која во моментов и е проценето левото крило. Коман е еден од најтрофејните фудбалери во светот имајќи предвид дека на 29 години има 13 национални шампионски титули, освоени со ПСЖ (2), Јувентус (2) и Баерн (9). Освен тоа, има и трофеј од Лигата на шампионите, во чие финале во 2020 година го постигна голот за победа против ПСЖ.
Французинот ќе биде трето големо засилување за Ал Наср во пресрет на ноовата сезона, по Жоао Феликс и Ињиго Мартинез.