Зошто само претседателот на ФФМ не се радува на голот на Барди?! (ФОТО)
Вкупно, околу 20 минути нашиот национален тим се наоѓаше во водство, по голот на Енис Барди во финишот од првото полувреме. Над 25 илјади домашни навивачи се израдуваа на водството на македонската репрезентација, но не и оној кој би требало да биде прв меѓу нив затоа што е на чело на Федерацијата.
Шефот на државата Стево Пендаровски на својот профил на Твитер ја објави еуфоријата по постигнувањето на голот на Барди и притоа несакајќи го „издаде“ претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини кој остана ладен како шприцер во моментите на големото славје.
Само тој знае зошто не се израдува на водството против една од најсилните европски и светски репрезентации.