Време е за уживање: Продажбата на албумот „ЕВРО 2020“ на Панини почнува – УТРЕ!

Без разлика што почетокот на продажбата беше најавен за в понеделник, најверојатно поради преголемиот интерес, стартот на продажбата на албумот со сликички на Панини за претстојното Европско првенство (ЕП) е поместен неколку дена понапред и тоа за – утре.

Според последните информации од дистрибутерот, албумот ЕП 2020 ќе може да се купи уште утре на точно прецизирана локација, од задутре ќе биде достапен во повеќе продажни места во Скопје, а од понеделник и низ целата држава.

Интересот за овој албум е огромен во нашата држава и тоа разбирливо, со оглед што во него за првпат во историјата ќе се најде и репрезентацијата на Македонија.