Во најкомплексна симулација за ждрепката на Македонија ѝ паднаа - не баш лесни групи

После завршувањето на втората сезона во Лигата на нации, европските репрезентации на 7 декември, меѓу кои и Македонија ќе ја дознаат мундијалската квалификациска група на ждрепката која ќе се одржи онлајн во Цирих од 18 часот.

Македонија на ждрепката ќе влезе од четвртиот барабан, што беше извесно уште од минатиот месец, кога после победата над Косово врзавме две ремија во низа, што значи дека три позилни противници по рејтинг нѐ чекаат во новиот квалификациски циклус од март до ноември идната година. И откако се појавија барабаните, формирани според ФИФА-ранкингот, на кој ќе останема на 65-то место, многу специјализирани страници за рејтинг и анализа, направија низа симулации кој во каква група има најголема шанса.

Една од нив, ја направи најкомплексната сумулација според проценти, земјаќи ги сите параметри и можни ограничувања што ќе ги има за време на ждрепката, од земји кои не може да се паднат меѓу себе, до ограничувања за зимски период и предолги патувања за одредени земи.

И во таа симулација, од секој од шесте барабани на Македонија ѝ се појавуваат по два потенцијални ривали, а ако се погледне, во ниедна од комбинациите, не не чека баш лесна група за СП 2022.

Од првиот барабан Германија ни е најсериозен ривал со 13,1 отсто шанси, пред Холандија со 11,4 отсто

Од вториот да ни се падне Украина против која ќе играме и на Евро 2021 има 15,1 отсто, додека втора е Словачка со 11,7 отстож

Од третиот барабан Република Ирска е најголем фаворит со 13,1 отсто, пред Исланд со 12,3 отсто.

Од петтиот барабан, Фарските острови се потенцијален ривал со 12,9 отсто, додека Косово и Ерменија како потенцијачлни ривали имаат по 11,4 отсто

Од шестиот барабан тоа е Молдавија до 12 отсто.

Сето ова е само симулација и не мора ништо да значи дека баш така ќе бидат извлечени групите, но постои релативна шанса дека одреден број може од овие селекции да ни се паднат како противници. Секако, тешко е човек да избере од сите потенцијални ривали, по десет од трите барабани кој би бил „лесен залак“ за нас во квалификациите.

СИМУЛАЦИЈА ЗА МУНДИЈАЛСКАТА ЖДРЕПКА

Германија/Холандија

Украина/Словачка

Р. Ирска/Исланд

МАКЕДОНИЈА

Фарски Острови/Косово/Ерменија

Молдавија