Тричковски погоди против Алки: Осми сезонски гол за репрезентативецот

Иван Тричковски продолжува да игра во голема форма сезонава во дресот на АЕК Ларнака. Репрезентативецот денеска го постигна осмиот сезонски погодок во првенствоот на Кипар. 

АЕК победи со 2-0 против Алки Ороклини, а Тричковски беше стрелец на вториот гол во 54-тата минута. Целиот натпревар за домашниот тим го одигра и дефанзивецот Даниел Мојсов, додека на спротивната страна играше и Душко Трајчевски. 

На табелата, АЕК е на 4.место со 35 бодови или 10 помалку од лидерот АПОЕЛ, додека Алки се наоѓа на 10.место со 16 бодови.