Селекторот го сака Косово за противник, ако не обезбеди директна виза преку групите!

Македонскиот селектор Игор Ангеловски порача дека Македонија без оглед на исходот од овие евроквалификации и дали ќе успее да обезбеди виза за настап на континенталниот шампионат низ Европа идното лето, има втора шанса преку плејофот во Лигата на нации во баражот за пласман на ЕП.

Македонија ја чека пресметка со залетаното Косово, кое исто така е во игра за пласман на ЕП директно преку својата квалификациска група, а голем дел од јавноста стравува дека пресметка со северниот сосед и не е најдобра опција во ситуација кога Косовците сериозно се засилуваат и играат во одлична форма со само еден пораз (од Анлига) во 15 меча.

„Македонија игра до крај за Евро 2020. Ако не успееме, нè чека дуел во март во плејофот во Лига на нации, каде би требало да играме со Косово. Сите го фалат Косово, а јас баш сакам да играме со нив, па да видиме кој е подобар“, рече Ангеловски.