Роналдо се „закани“: Ќе го соборам и тој рекорд!

Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо, синоќа го постигна 99-от гол за Португалија против Луксембург во победата од 2-0 на домашен терен.

Португалецот е се поблизу да го собори рекордот на иранската легенда Али Даи, кој во својата кариера има постигнато 109 гола за националниот тим.

Сепак, Роналдо лесно може да го надмине бидејќи само во 2019 година постигна 14 голови за својата репрезентација и сега е на само десет од рекордот на Али Даи.

Сите рекорди мора да бидат соборени. Јас ќе го срушам и тој рекорд, истакна Роналдо по победата над Луксембург.

Со таа победа во Луксембург, Португалија обезбеди пласман на Европското првенство во 2020 година.