Репрезентативецот Серафимов ќе го промени тимот, ама не и државата!

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Никола Серафимов, следната сезона повторно ќе игра во унгарското првенство, но не како досега во дресот на Залаегерсег туку за екипата на МОЛ Фехервар.

Ова денеска го најавуваат медиумите од Унгарија, кои потенцираат дека е прашање само на денови кога ќе биде официјализиран трансферот на 22-годишниот дефанзивец. Тој би бил четвртиот Македонец кој би настапувал за МОЛ, за кого претходно играа Мирко Ивановски, Висар Муслиу и Бобан Николов. Серафимов во новата средба би бил дел и од квалификации за Конференциската лига, за што тимот од Фехервар се избори со пласманот на четвртото место минатата сезона. Претходно, тој Серафимов беше дел од екипите на Академија Пандев, Брегалница Штип, Пелистер и на Вардар.

Унгарците, истовремено пишуваат дека МОЛ е заинтересиран за уште еден македонски репрезентативец и тоа Дарко Велковски, кој минатата сезона настапуваше за Ријека.