Пандев со голем чекор во битката за претседател на ФФМ!

Поранешниот македонски репрезентативец и капитен, Горан Пандев го направи првиот голем чекор во битката за претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), откако беше избран за делегат во Собранието на федерацијата од страна на Општинскиот фудбалски сојуз во Струмица, кој лани не му даде поддршка на првиот човек на македонскиот фудбал, Муамед Сејдини.

ОФС Струмица, освен Пандев, ги избра и Ѓорги Гоцевски и Ванчо Коцев за делегати во собранието на ФФМ, а сега се очекува потврда на нивните мандати од федерацијата за да може да учествуваат на годишното собрание, кое е закажано за март.

Поради потегот на ОФС Струмица лани да не избере делегати и да му даде поддршка на Сејдини беа суспендирани повеќе од 20 судии, контролори и делегати од општинскиот сојуз.

Македонскиот фудбалер е голем противник на актуелното раководство на ФФМ, а минатата зима најави и дека би можел да се повлече од инвестирање во македонскиот фудбал и да ja повлече Академија Пандев од Првата лига, зашто членовите на Управниот одбор на ФФМ си делеле премии и не им помагале на тимовите во коронакризата.

ФОТО: Дрнка.мк