Академија Пандев се повлекува од Првата Лига!?
Уште зимава Пандев ја најави опцијата дека може да се повлече од инвестирањето во македонскиот фудбал, зашто „залудно фрла пари, кога фотелјашите (членовите на УО на ФФМ – н.з.) си делат премии, а клубовите со ништо не ги помагаат посебно во оваа коронакриза“, па сега десната рака на капитенот на македонската репрезентација во клубот го најави сето тоа на едно коло пред крајот на првенството, кога на Академија Пандев ѝ треба победа в недела за сигурен опстанок против Борец, а идната среда ќе се бори за нов трофеј во Купот на Македонија.
Причина за повлекувањето на Пандев и неговиот клуб од Првата лига е поради неусогласениот Статут на ФФМ со Законот за спорт, нешто што капитенот го побара уште во март, кога во 45-минутно интервју побара Муамед Сејдини да си замине од ФФМ, а клубовите да добијат мнозинство во собранието за да одлучуваат за македонскиот фудбал.
„Сериозно размислуваме Академија Пандев да се повлече од настапите во Првата лига“, вели Тренчовски во најавата за емисијата на „360 Степени“ на ТВ Алсат.