Пандев сигурен за Косово, сега сите очи вперени кон Наполи и – Елиф Елмас!
Овој податок значи дека капитенот ќе може да настапи на претстојниот дуел против Косово на арената „Тодор Проески“ (8 октомври), кој е претпоследна пречка за евентуален историски пласман на Евро 2020. Сега, очите се вперени кон таборот на Наполи, тимот против кого играше Џенова во неделата, од каде што се чекаат резултатите од тестирањето со оглед што дури на теренот имаше дури шесмина кои подоцна беа означени како заразени со коронавирусот.
Причина за тоа е фактот што на теренот беше и вториот македонски репрезентативец во Серија, Елиф Елмас, кој е значаен фактор во нашата национална селекција и чие евентуално неиграње би било огромен проблем за селекторот Игор Ангеловски. Сите се надеваат дека и неговиот тест ќе биде негативен како на Пандев, но засега нема никаква вест за било какви резултати од Неапол.