Пандев: Ги давам сите мои трофеи за пласман со Македонија на ЕП 2020!

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, порача дека против селекции од рангот на Лихтенштајн на Македонија и треба брз гол со кој ќе си го олесни патот кон третиот триумф во Лигата на нации во мечот од 20.45 часот на Националната Арена „Филип Втори“.

Пандев порача дека Макеоднија во Струмица на последниот меч на кој победи со 4-0, трујмфот бил откако црвено-жолтите го постигнале првиот гол, по што работата станала поедноставна.

Во Струмица не беше лесно до првиот гол, но јасно е дека со вакви селекции најважно е брзо да се даде гол. Ние имаме селекција која сега игра трпеливо, која ја чека секоја шанса. Очекувам да победиме и потоа помирно да се подготвиме за мечот со Ерменија. Атмосферата во репрезентацијата никогаш не била подобра. Одлична е, владее големо другарство, а резултаите тоа го покажуваат. Со нетрпение го очекуваме мечот, а јас се надевам дека публиката ќе дојде во уште поголем број во однос на мечот со Ерменија и дека лесно ќе победиме, зошто во вторник не чека потежок меч. Бухел ми е добро познат, долги години е во Италија, но еден играч не прави ништо. Лихтенштајн има и други играчи“, вели Пандев.

Македонија утре слави 25 години од првиот меч во историјата, а капитенот посакува победнички да се прослави големиот јубилеј.

„25 години е еден добар јубилеј, за кој се надевам дека ќе го прославиме со победа. Јас одамна кажав дека успех со репрезентацијата е мој неостварен сон и се надевам дека сега ќе успеам да го остварам. Освоив многу трофеи во кариерата на клупски план, ама би ги заменил за успех со избраната селекција. Тоа е е нешто посебно. Се надевам дека сега преку овие квалификации ќе го оствариме тоа и дека ќе ја израдуваме цела Македонија со пласман на ЕП 2020“, додава Пандев.