Омерагиќ се сретна со првиот човек на турскиот фудбал - отворено ново поглавје во соработката!

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, оствари средба со својот турски колега Етем Хаџиосманоглу, на која главна тема беше продлабочувањето на соработката меѓу двете федерации.

На состанокот биле разменети идеи и предлози за заеднички активности во иднина, со цел дополнително унапредување на односите и развојот на фудбалот во двете земји. Омерагиќ средбата ја оцени како исклучително успешна и пријателска, истакнувајќи дека постои силна желба за уште поблиска соработка меѓу македонската и турската Куќа на фудбалот.

Првиот човек на македонскиот фудбал воедно ѝ посака многу успех на Турција на претстојното СП 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.