Лапаа македонски државни пари, а сега ќе навиваат против истата таа држава!

Откако косовските навивачи организирани како „Дарданианс“, кои навиваат за репрезентациите на Косово, објавија дека добиле засилување од Тетово и од навивачите на Шкендија за историскиот бараж во Скопје за пласман на Евро 2020, се јавија и приврзаниците на македонскиот првак со најавата за инвазија на Арената „Тодор Проески“, која ја – прекрстија како по обичај.

Навивачите на Шкендија преку својата официјална страница на Фејсбук, објвија проглас дека имаат „национална обврска“ да бидат со албанските браќа и дека се родени за да им служат на Албанците.

„Национална обврска кон албанските браќа!

Никој не може да ни ги сопре чувствата и да ги наруши желбите од дамнина да бидеме брат до брат, брат за брат. Браќата се тука во Тетово, ама и насекаде. За нашето албанско Косово и Дарданија против Славјаните. Со сите сили кон Скопје на 'Арената Адем Јашари'. Родени сме да им служиме на Албанците“, објавија навивачите на својата фејсбук-страница.

Ова се навивачите кој пред нешто повеќе од една година лапаа пари од Македонија, земјата против која сега ќе навиваат, откако Министерството за култура им додели пари за промотивен клип со спорна содржина за фудбалската страст во Тетово.

Навивачката група која има спорно име по балистичките одреди како колаборационисти на „оската на злото“ од Втората светска војна, низ годиниве не пропушта момент за да не ги истакне антимакедонските ставови, да ја негира Македонија, да ги навредува сите Македонци, а на крај и да велича воен злосторник како Џем Хаса, предводникот на одредот Бали Комбетар, кој тероризирал и убивал низ Западна Македонија за време на Втората светска војна. Не е ни чудно, што знаме со Џем Хаса, со кореографија посветена на овој озогласен фашист се појавуваа во изминативе години на македонските стадиони, а посериозна реакција освен парична казна за Шкендија – никогаш немало.

Но, настрана сите погрдни извици упатени кон Македонците, постојаното повторување на идеите за „Голема Албанија“, најголемиот скандал што навивачите на Шкендија го направија беше симнувањето на македонското знаме од јарболот на стадионот во Кичево. Гордо се пофалија дека „вентилаторот паднал, а орелот се издигнал“, навивачите направија тежок инцидент, кој освен со бурна реакција во јавноста, остана неказнето. Инцидентот е пред седум години во Кичево.

„Не ме викај ФИРОМ, викај ме – Илирида“, „Обединети албански земји“ беа знамиња и пароли кои често се појавуваа не само на македонските стадиони, туку и на мечевите кога играше соседна Албанија, а без тетовските навивачи не поминува ни еден меч. Скандирањата за „Голема Албанија“ и иредетистичките извици за Илирида се редовен вербален чин на секој меч на Шкендија.

А, пред една година, кулминација на сериозната нетрппеливост беше обидот за напад пред дерби со Вардар на едно кафуле во Тетово полно со Македонци и сето тоа потоа беше „оправдано“ дека ривалските Војводи ден претходно ги испровоцирале (?!).