Навивачи на Косово изнакупија билети и дрско најавија - ќе победиме 3-0! (ВИДЕО)

Ако се суди по првиот ден од продажбата на билетите за бараж дуелот Македонија - Косово (26 март, 20.45 часот), гостинската репрезентација ќе има огромна поддршка на нашиот најголем стадион. Покрај загарантираната цела Источна трибина, денеска еден куп Косовци купуваа билети и за другите трибини на скопската „Арена“.

Телевизијата „21“ ги испрашуваше присутните купувачи од албанска националност кои лабаво изјавија дека очекуваат победа на Косово од 2-0 или од 3-0. Во мнозинството гостински симпатизери имаше и по некој наш навивач кој срамежливо изјави дека очекува минимална победа на Македонија, од 1-0 или 2-1.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) утрово ги пушти во продажба влезниците за историскиот меч на Македонија против Косово на билетарата на Националната Арена „Филип Втори“ цел ден имаше редица, а според очевидците, речиси половина од досега продадените карти ги купија Албанци, што се гледа и во видео-снимката.

Продажбата заврши со инцидент, во кој незадоволни навивачи ја демолираа билетарата на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје, зашто на рекламното пано пишува работно време до 20.30 часот, а продажбата завршила во 18 часот.