Натпреварот меѓу Аргентина и Уругвај нема да се одигра поради сомнеж од терористички напад?!

Пријателскиот натпревар помеѓу Аргентина и Уругвај, кој е предвиден да се одигра на 18 ноември во Тел Авив, е ставен под знак прашалник откако Израел беше погоден со 50 ракети истрелани од Појасот Газа, пренесува „Дејли Мејл“.

Исто така поради безбедносни причини се откажани и останатите настани кои требаше да се одржат во Израел, меѓу кои и кошаркарскиот меч помеѓу Макаби Тел Авив и Хапоел Бер Шева, кој беше закажан за 20. ноември.

Неодамнешниот напад кој се случи беше како одговор на израелскиот напад врз Северна Газа, во кој загина лидерот на џихадистите, Баха Абу ел-Ата. Во нападот е убиена и неговата сопруга, додека децата му се повредени.

Палестинските ракети беа лансирани само два часа подоцна, при што беа активирани алармите низ Тел-Авив, бидејќи училиштата и бројните компаниии беа затворени во вторникот.

Нивните проектили обично не можат да стигнат до главниот град на Израел - но тоа не ги спречува властите да бидат претпазливи.