Надежите загубија од Словачка, фудбалерите и Цапар реагираа на судиите за – пенал! (ВИДЕО)
Македонија тоа што го покажа како слабост на претгходните два меча, во поразот со 0-3 од Летонија и ремито 1-1 со Финска (победена после тоа на пенали со 5-4), беше одбраната, а еден момент искористија Словаците за да ни дадат гол и тоа на средина од второто полувреме. Откако двајца македонски фудбалери извисија на крило, следуваше центаршут во кој Доминик Веселовски лабаво си ја прими топката пред Деспотовски во петерецот и погоди во мрежата.
Се обиде Македонија да се избори барем за реми, притиска во завршниот период посебно од 80-та минута кога направи низа шанси, но сѐ беше неуспешно, а блескаше и словачкиот голман Теплан после еден опасен центаршут на Ване Крстевски, но спречи израмнување во судиското надополнување.
Претходо еден шут одбрани Теплан, а Македонија бараше чист пенал кој судијата не го свирна пет минути пред истек на регуларниот дел, па влезе и селекторот Канатларовски да ги смири своите фудбалери, но и да поразговара со судијата.
Македонската селекција која во подготовка на оваа генерација тргна со три победи, сега има пет без триумф во нормален тек на мечот, настрана пенал-победата со Финците.
<div style="width:100%;height:0px;position:relative;padding-bottom:56.327%;"><iframe src="https://streamja.com/embed/51Po2" frameborder="0" width="100%" height="100%" allowfullscreen style="width:100%;height:100%;position:absolute;"></iframe></div>