Младите фудбалери Италија може да ја пречекаат во Битола

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ денеска се сретна со битолските фудбалски легенди, Митко Стојковски, Тони Мицевски, Ванчо Мицевски и Сашо Здравевски.

На средбата се разговарало за фудбалската состојба во Битола и регионот, но исто така од ФФМ најавија и дека планот е фудбалерите до 21 година натпреварот против Италија во квалификациите за Европското првенство да го одиграат во Битола.

„Во соработка со градоначалникот на Oпштина Битола, ОФС Битола и претседателот Златко Талевски, планот на федерацијата е Битола и „Тумбе кафе” да бидат домаќини на Македонија до 21 година! Битола на нозе!“, соопштија од ФФМ.

Натпреварот помеѓу Македонија и Италија е закажан за на деветти септември.