Maнчестер сити не го пријави засилувањето од 35 милиони евра за Лигата на шампионите

Eкипата на Манчестер сити немаше можност да ги пријави сите четири засилувања за вториот дел од Лигата на шампионите и еден фудбалер мораше да отпадне.

Имено, според правилата во елитното европско натпреварување еден клуб може да пријави само тројца нови фудбалери помеѓу паузата од првиот и вториот дел од сезоната.

Манчестер сити во зимскиот преоден рок ги доведе Абдукодир Кусанов, Нико Гонзалес, Омар Мармуш и Витор Реис. Пеп Гвардиола се одлучи надвор од конкуренција за настап да биде Витор Реис кого „граѓаните“ го платија 35 милиони евра на Спортинг Лисабон.

Во составот на Гвардиола е вклучен и Родри кој во овој момент се опоравува од повредата и според последните најави би можел да се врати порано од очекуваното, првично се најавуваше дека за него актуелната сезона е завршена.