Луд пресврт: Шпански тенисер си дозволи неверојатен пораз, пропушти шест меч топки! (ВИДЕО)

Шпанскиот тенисер, Николас Алварез Варона доживеа неверојатен пресврт и запиша пораз иако имаше шест меч топки и водство со резултат 5-0 во одлучувачкиот сет.

Тенисот од време на време знае да ни понуди неверојатни пресврти кои граничат со реалноста, а токму таков беше последниот на Литванецот, Вилиус Гаубас кој долго ќе се памети.

Литванецот победи со резултат 2-1 против Шпанецот Варона во второто коло турнирот во Тенерифе. Водеше шпанскиот тенисер со 5-0 и 40-30 во одлучувакиот сет, но Гаубас успеа да се извлече и да спаси четири нови меч-топки во наредниот гем. На крајот гем по гем се враќаше во мечот и успеа да слави, спаси вкупно шест меч топки.