Далиќ добил понуда која тешко се одбива: Може да стане најплатен селектор во светот!

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ наскоро би можел да ја напушти клупата на оваа репрезентација и да стане најплатениот селектор во овој момент.

Според последните информации раководството на катарската федерација веќе подолго време го посакува Далиќ на клупата. Медиумите пишуваат дека кон крајот на годината

Далиќ одбил понуда која изнесувала помеѓу пет и шест милиони евра годишно, но Катарците не се откажале.

Имено, хрватскиот портал „24часа“ пренесува дека сега Хрватот добил понуда од огромни 12 милиони евра годишно, освен тоа Далиќ би имал и контрола над сите младински селекции во Катар.

Договорот со Хрватска на Далиќ има важност до 2026 година, односно до завршувањето на Светското првенство во Америка, меѓутоа сега добил понуда која може да биде причина порано да замине.

Со платата од 12 милиони евра по сезона, Далиќ би станал најплатен селектор во светот, а во овој моемнт тоа е предводникот на Англија, Томас Тухел со плата од 7.7 милиони евра годишно. Претходно, Роберто Манчини во Саудиска Арабија имаше договор тежок 22 милиони евра годишно.