Младинското Еуро 2025 во Словачка, Македонија на 2 јануари ќе го дознае патот

Европската фудбалска унија (УЕФА) ја избра Словачка за домаќин на следното Европско младинско првенство во 2025 година на денешниот состанок на Извршниот комитет на УЕФА, па на 2 јануари (идниот четврток) на ждрепка, Македонија ќе го дознае патот за настап на континенталниот шампионат.

После неуспехот во последниот квалификациски циклус за Еуро 2023 во Грузија и Романија, Македонија многу извесно е дека ќе влезе во квалификациите од четвртиот барабан, а системот останува ист, низ квалификациите кои стартуваат од март годинава до октомври догодина, ќе се бориме за прво место кое води директно на ЕП или за втора позиција која носи плејоф-бараж за пласман во ноември 2024 година.

Македонија во 2017 година првпат играше на едно ЕП во Полска, тогаш со 12 учесници, а за еден пенал ни избега втор настап на Еуро 2021 како второпласирани, но поради пандемијата УЕФА наместо баражи, директно пласираше пет најдобри втори селекции и среде циклус го смени првичниот формат, па црвено-жолтите не добија шанса преку бараж да се борат за пласман.

Словачка беше домаќин на младинско континентално првенство во 2000 година, лани беше домаќин на првенството до 19 години, а во 2013 година и на првенство за фудбалери до 17 години.