Македонските футсалци со пресврт ѝ пресудија на Австрија
Абдул Јазичи погоди во четвртата минута за предност од 1-0, додека неколку минути подоцна го зголеми водството на 2-0, а Австрија постигна и трет погодок преку Вахид Мухаремовиќ.
Седат Зибери намали на 1-3 во завршницата, а на стартот на вториот дел Таулант Исмаили го најави пресвртот на Македонија.
Иван Крстевски се запиша во листата на стрелци во 28. минута (3-3), додека Тони Киревски стрелаше во 31. минута за пресврт (4-3).
Австрија се обиде во финишот да дојде до израмнување, но не ги реализираше шансите, па казната пристигна преку Антонио Петревски во 38. минута.
Македонија вториот пријателски меч го игра денеска против Австрија во салата „26 април“ во Гевгелија од 18 часот.