Познато зошто не бил поништен вториот гол на Лидс против Челси (ВИДЕО)

Челси прокоцка предност од 2-0 против Лидс во Премиер лигата, но вториот погодок на гостите беше постигнат по игра со рака на еден од фудбалерите.

Тренерот на Челси, Лијам Росениор не беше задоволен по мечот и побара објаснување за одлуката на судиите која ги налути навивачите на светскиот клупски шампион.

Набрзо пристигна реакција од поранешниот претседател на судиската организација во Премиер лигата, Кеит Хакет кој кажа дека голот не бил поништен поради „случајна игра со рака“.