Вембањама одигра чудесен меч - им даде 37 поени за едно полувреме на Лејкерс (ВИДЕО)

Кошаркарите на Сан Антонио спарс триумфираа против Лос Анџелес лејкерс со 136-108, а неверојатен натпревар одигра Виктор Вембањама кој постигна 37 поени во првото полувреме.

Вембањама го одбележа мечот и до паузата успеа да запише 37 поени, односно да погоди 12 од 17 удари од игра, при што запиша и осум скокови.

Младиот центар го заврши мечот со вкупно 40 поени, 12 скокови и четири блокади со што ја потврди неговата доминација.

Лејкерс на овој натпревар настапи без двете најголеми ѕвезди, Леброн Џејмс и Лука Дончиќ, а во нивно отсуство најефикасни беа Лук Кенард и Дру Тајми со по 14 поени.

Останати резултати:

Њујорк – Индијана 134-137
Хјустон – Лос Анџелес Клиперс 102-95
Феникс – Далас 120-111

Фото: San Antonio Spurs/Facebook