Елмас и Наполи елиминирани на пенали од Комо во Купот на Италија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Наполи беа поразени на пенали од Комо во четвртфиналето на Купот на Италија.

Хрватот Батурина донесе предност за Комо во завршницата од првото полувреме, додека Вергара стрелаше за Наполи во вториот дел и избори пенали.

Во пенал-рулетот македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше прецизен од белата точка, но Комо со 8-7 успеа да избори полуфинале во Купот.

Фото: Napoli FC/Facebook