Ѕвезда на Барселона прозборе за најтешкиот период во кариерата

Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо за првпат застана пред камерите и зборуваше за најтешкиот период во кариерата, но и борбата со психичкото здравје која траеше повеќе од една година.

По мечот против Челси на „Стемфорд бриџ“, Араухо се повлече од спортските терени и буквално исчезна од професионалниот фудбал.

„Чувствував тага, не бев добро. Тоа е вистината, сакав да продолжам, но понекогаш на човек му е потребна помош. Година ипол се борев со анксиозност која премина во депресија. Тоа ми создаде големи проблеми затоа што на теренот не се чувствував добро. Тој ден сфатив дека морам да разговарам со професионалци и да побарам помош“, открива Араухо.

Фото: Facebook/FC Barcelona