Крај на една ера: Капитенот на Реал Мадрид заминува идното лето!
„Кралевите“ го прифатиле фактот дека искусниот десен бек ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“ на лето и веќе бараат негова замена.
Искусниот дефанзивец со години беше незаменлив во шпанскиот гигант, но во последните денови покажа незадоволство затоа што добива мала минутажа на теренот.
Управата на „кралскиот клуб“ сака да го подмлади тимот, а засега не е познато кој ќе пристигне како замена за Карвахал.
Фото: Facebook/Real Madrid CF