Македонија сака да продолжи традицијата - Скопје да остане неосвоиво за Словенија! (ВИДЕО)
Македонија има подобар биланс од Словенија со три победи, реми и еден пораз. Словенија за Македонија има посебно значење поради историскиот прв меч и победата со 4-1 во Крањ пред 26 години (за три дена ќе се прослави јубилејот), но тоа што цела македонска фудбалска јавност посакува е утре да продолжи традицијата на домашен терен, кога веќе пред три години ја расипавме серијата со минималниот пораз во Копер (0-1) во пресметите со „змајчеките“.
Македонија има две победи од вва меча дома и идеално би било таа победничка серија да продолжи и утре. Првпат во Скопје игравме на 23 март 1994 година, пред веќе две ипол децении, кога Жарко Серафимовски и Зоран Бошковски за 20 минути ги решија Словенците пред 20.000 гледачи.
Македонија тогаш играше со Трајчев, Јовановски, Стојковски, Канатларовски, Б. Ѓуровски, Марковски, Серафимовски, Георгиевски, Бошковски, Мемеди и Мицевски, предводени од легендарниот Андон Дончевски.