Македонија ремизира со Кипар на првиот тест во Никозија

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години одигра 1-1 на гостувањето кај Кипар во Никозија во првиот од двата пријателски натпревари.

Младите македонски фудбалери први постигнаа гол во првото полувреме за водство од 1-0, но домаќинот го возврати ударот во вториот дел од средбата и израмни на 1-1.

Наредниот меч меѓу Македонија и Кипар е закажанза четврток, 3 октомври од 15 часот.