Македонија и Албанија се „тепале“ за кумановец, а тој избра да игра за – Косово!

Валон Хамдиу е 20-годишен стопер, роден кумановец кој целата своја фудбалска кариера досега ја мина во Швајцарија и тој ќе заигра за репрезентацијата на Косово до 21 година, откако им дал ветување на челниците на фудбалскиот сојуз на северниот сосед.

Како што објавија косовски медиуми, Хамдиу бил на радарот на Македонија и Албанија, па фудбалските федерации буквално се „тепале“ за да го убедат да заигра, но тој на крајот решил да не одбере ниту една од тое две понуди, туку да заигра за Косово. Хамбиу веќе ја информирал косовската фудбалска федерација дека ја прифаќа понудата да игра за репрезентацијата на оваа земја.

Станува збор за талентиран фудбалер од одбраната, за кој наводно се предвидувала блескава иднина. Сега Косовците работат на случајот експресно да му извадат пасош и на следниот собир на младинската селекција, тој да добие повик и да почне да игра за надежната селекција, а потоа и да се префрли во сениорскиот тим.

Инаку Хамдиу во моментов е дел од младинскиот тим на Винтертур, а претходно играл за младинците на Вил и Сент Гален. Инаку потекнува од пионерската школа на Вил.